Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфили

Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфили

Инспирирана од политичарката Аунг Сан Су Кји која се бореше за демократија во Бурма (Република Мјанмар) и доби Нобелова награда за мир во 1991 г, креативната артистка Хонг Ји попозната под прекарот Ред, креирала кусовечен портрет од цвеќиња.Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиАунг Сан Су Кји е честопати фотографирана со цвеќиња во нејзината коса, бидејќи на денот на кој нејзиниот татко бил убиен, тој ѝ ставил свежо набрани цвеќиња зад нејзиното уво, пред да си замине низ вратата. Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНаправено од 2.000 каранфили уредени во пластични чашки со различно количество вода и црвена прехранбена боја за да создаде различни нијанси на црвено, 20 часа подготовка и околу 40 часа за цвеќињата сосема да ја впијат бојата, уметничкото дело на Ред, овозможило повторно да блесне насмевката на Аунг Сан Су Кји, низ цветните обоени ливчиња.Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатно изработениот портрет имал димензии 3,5 x 4,5 метри. И покрај тоа што неговиот век бил само 5 дена, кога цвеќињата почнале да венеат, сепак неговото значење е големо, бидејќи Ред ја покренала свеста за една цврста, сочувстителна и почитувана жена, за која малкумина се свесни.Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатен портрет направен од 2.000 каранфили

Таа е жена која си ја има жртвувано сопствената среќа за нејзиниот народ. Поради тоа, ја избрав црвената боја за да ја прикажам нејзината љубов, страст, пожртвуваност и крв. Ова ми е првпат да се служам со нешто живо во мојата уметност. Цвеќињата, исто како и луѓето, најпосле умираат. Ова дело го прославува краткото време кое го имаме овде на Земјата, таканаречено живот.“

Неверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиНеверојатен портрет направен од 2.000 каранфилиПогледнете колку е ултраинтересна нејзината работа.

Доколку ви се допадна оваа содржина, сигурно ќе сакате да ги погледнете и другите неверојатни уметнички дела на Ред, нацртани со дно од шолја извалкана во кафе, како и портретот на Адел од растопени свеќи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар