Неверојатен подземен „хобитски“ дом во којшто ќе посакате да живеете
Доколку некогаш сте сметале дека архитектурата не бара уметност и креативност, Хавиер Сеносиаин ќе ви го докаже спротивното со неговото ремек-дело. Еден мал рид, во близина на Мексико Сити, станал совршената локација за извонредниот дом што го конструирал Хавиер. Малата куќа која наликува на кикирика е изградена уште во 1984-та година.
Уште тогаш, оваа куќа од 170 метри квадратни била нешто пред нејзиното време. Куќата е вклопена во нејзиното природно опкружување, па доколку одите во градината, лесно можете да зачекорите и на покривот од куќата, без да го забележите тоа. Мексиканскиот архитект успеал да го искористи опкружувањето и да направи куќи инспирирани од формата на змиите, печурките, па дури и цветовите.
Органската куќа е моделирана според лушпа од кикирика, па ова ја прави навистина пространа. Во куќата има две овални простории кои се поврзани со тесен ходник. Едната просторија може да се користи навечер и е приватна, додека другата е светла и е дизајнирана за социјализирање.
Иако внатрешноста изгледа како пештера, куќата има огромен функционален прозор, кој гледа кон зелениот пејзаж. Хавиер ги вметнал клучните елементи во уметничкото ремек-дело, како кујна, трпезарија, тоалет, соблекувална и дневна соба, па оваа куќа е целосно опремен дом.
За Хавиер, целта на куќата било неговото психолошко и физичко чистење. Со толку многу загадување и стрес ширум светот, оваа куќа е како совршена зелена локација за освежување. Внатрешноста е постудена од надвор, а куќата е заштитена од сончева светлина, врева и прашина.
Скалилата водат до спалните соби, кои се малку потемни за да го олеснат спиењето. Останатиот дел од куќата е добро осветлен и со исправен систем за вентилација. Куќата е совршено дизајнирана за човечка употреба и може да изгледа како пештера, иглу или како да пораснала од земјата. Хавиер, без сомнение, ја создал совршената хобитска куќа.
Продолжува на следната страница…