Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Стив Тејлор од Тексас изградил неверојатна „куќа на дрво“ на дури шест ката. Овој инженер искористил четири контејнери за транспорт, ги споил и делумно ги поврзал со дрво за да го изгради ова прекрасно здание кое го нарекол „замок во водухот“.

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

За разлика од куќичките на дрвја кои се одликуваат со мали тесни простори, оваа градба е навистина импресивна и пространа. Има две спални соби, дневна соба од 37 метри квадратни, бања со када, добро опремена кујна, па дури и џакузи.

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Замокот во воздухот е украсен во стилот на модерни селски куќи со огромни прозорци кои пропуштаат многу природна светлина. Исто така ви стојат на располагање пет балкони и тераса со прекрасен поглед на зелената околина каде можете да забележите различни животни – од јастреби до елени и диви свињи.

Неверојатен дизајн: Куќа на дрво изградена од контејнери

Спирални скали високи шест метри водат до влезната врата, а од безбедносни причини, овде можат да живеат само лица постари од 12 години. Покрај тоа, домот е идеален е за сместување на четири лица.

Сопственикот првично планирал да ја изгради оваа куќа за свои потреби, но на крајот решил да ја изнајмува преку интернет платформата Airbnb по цена од околу 300 евра за ноќевање.

Откако прочитавте за овој неверојатен дизајн, можеби ќе сакате да ги погледнете и најубавите куќички на дрвја.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар