Неверојатен боди арт инспириран од природата
Одличниот боди арт уметник Јоханес Стотер, умешно ги претопува неговите модели во опкружувањето, талентирано нанесувајќи боја на нивните тела. Тој го користи човечкото тело како платно за сликање, со цел да ги камуфлира во нивната околина и да направи тие да изгледаат како уникатни облици пронајдени во природата. Субјектите во неговата растечка колекција од креации, се претвораат во овошја, зеленчуци, дрвја, камења, жаби… Секое дело коешто артистот го создава, претставува унија помеѓу човекот и природата. За неговото последно маестрално дело биле потребни 5 луѓе, внимателно искомпонирани во една рамка, за да формираат облик на жаба. Секој човек е позициониран толку совршено, што навистина е тешко на прв поглед да се увидат контурите на нивните поединечни тела. Ѕирнете го и видеото најдолу, за да погледнете како 5-те луѓе се „расклопуваат“ од жабата. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.