Претходно
Неонски водопади кои сепак се од овој свет
Фотографите Шон Ленз и Кристофер Абилдгард со својата креативност создале неверојатни пејзажи кои на прв поглед изгледаат како да се од друга планета, но сепак се наоѓаат многу поблиску, во северниот дел на Калифорнија.
Купиле евтини неонски стапчиња кои ги пуштиле водата да ги однесе каде што сака, а тоа тие го фотографирале со долга експозиција од 30 секунди до 7 минути добивајќи неонски водопади со белег на виножито. Понекогаш морале да поврзат повеќе стапчиња во едно, со цел да добијат вакви уникатни ноќни пејзажи. Серијата ја нарекле „Неонска светлост“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.