Неодоливо кутре кое ќе ви го стопи срцето
Што се однесува до фотографиите од миленичиња, ништо не може да биде послатко од померанецот Флинт. Тој е среќно и весело кутре кое е исто толку слатко и добро како што изгледа на прв поглед. Неговата сопственичка Робин Ју вели:
„Не верувам дека некогаш сум го видела намуртен. Дури и да го разбудите од спиење тој сè уште ќе биде љубезен. Флинт исто така многу ги почитува правилата и понекогаш си измислува и некои свои бидејќи едноставно сака да биде добро момче.“
Флинт почнал да живее кај Робин кога имал само 9 месеци и оттогаш па наваму, Робин постојано го фотографира.
„Всушност јас барав постаро куче, но кога го запознав Флинт едноставно веднаш се поврзавме. Тој секојдневно ми носи радости. Прави разни работи со некоја кучешка сериозност, а мене ми е тоа толку слатко и смешно. Тој е дефинитивно е светлата точка во мојот живот. Пресреќна сум што го имам.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.