Неодоливи подводни фотографии од слатки бебиња кои нуркаат
Сет Кастел е познат по своите подводни фотографии со кучиња. Тој повторно го освојува светот, но овој пат со неодоливи и забавни бебиња кои пливаат под вода. Тој направил грубо околу 10.000 фотографии од над 750 бебиња за оваа одлична серија фотографии.
Со овие фотографии тој сака да ја зголеми свесноста за фактот дека ненамерното давење е една од најголемите причини за смрт кај децата на возраст од 1 до 4 години. Бебињата во проектот на Кастел се дел од програма која била дизајнирана со цел да се прилагодат децата на водата и да им се помогне да се разбуди нивниот инстинкт за преживување доколку се најдат во вакви ситуации. Тие учат како да го задржуваат својот здив, како да пливаат и како да лебдат на грб откако ќе влезат во вода. И додека го прават сè тоа, како и секогаш изгледаат премногу неодоливо! Погледнете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.