Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња

Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња

Се сеќавате ли на Чемп, најсреќното куче на светот? Неговата сопственичка, 21-годишната Кендис Седиган овој пат направила серија од фотографии со новите пријатели на ова неодоливо куче. Неодамна, Кендис сретнала човек кој држел кутија полна со пилиња.

„Кога го прашав за нив, ми рече дека ги земал од мрестилиште, но дека по само еден ден не можел повеќе да се грижи за нив. Тој ме праша дали некоја од фабриките би ги прифатиле, но јас се понудив да ги земам и да им најдам нов безбеден дом. Ги купив сите потребни намирници за да се чувствуваат удобно и здраво во наредните неколку дена, а потоа планирав да ги донирам во фармата на еден локален колеџ.“

Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња

Но, како Чемп, 11-годишното куче реагирал на овие мали пилиња?

„Прво не бев сигурна за неговата реакција. Внимателно му претставив само едно од пилињата, држејќи го во мојата рака за да видам како ќе реагира додека го спуштам на земјата. На него воопшто не му пречеше пилето и само љубопитно и нежно го душкаше. Мислам дека најголемата причина зошто не сакаше да го повреди е начинот на кој му го претставив. Постарите кучиња се толку многу слатки и мудри. Една од моите најголеми цели, преку моите фотографии е да им покажам на луѓето дека и постарите кучиња можат да бидат исто толку слатки.“

Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња Неодоливи фотографии од златен ретривер кој се гушка со пилиња




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар