Необични свадбени фотографии
Едуард Стелмах е моден фотограф од Украина којшто го користи своето изострено чувство за гламур и естетика за да направи креативни и несекојдневни свадбени фотографии. Тој вели дека за него резултатот од свадбената фотографија е многу важен, затоа што тие се „чувари на спомените“.
„Свадбената фотографија не е само занимање, тоа е начин на живот на уметникот кој црта со фотоапаратот. Јас внесувам гламур во свадбата. Сакам мојата фотографија да означи почеток на одлична приказна, визуелно различна од оние што ги има во сечиј свадбен албум,“ вели Едуард.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.