Необични љубовни картички со голема доза хумор и креативност

Необични љубовни картички со голема доза хумор и креативност

На времето, сега веќе пред многу години, луѓето си пишуваа љубовни писма, си испраќаа разгледници и шетаа на корзо држејќи се за раце како тоа да е најзабавното нешто во светот. Романтиката им беше на дофат на сите кои сакаа да испружат рака. Денес, кога технологијата е насекаде околу нас и со нас, тоа е малку потешко. Па додека малку по малку, луѓето сѐ повеќе се гледаат на интернет наместо во живо, си испраќаат пораки наместо бакнежи и романтичните гестови стануваат смешни, има и такви кои не се предаваат и не се откажуваат од старата добра романтика и уникатните начини на изразување љубов. Сето тоа помешано со мала доза креативност и големо количество хумор дава неверојатни резултати.

1-nevoobichaeni-ljubovni-kartichki-so-golema-doza-humor-i-kreativnost-kafepauza.mk

Среќен роденден. Исто така, добар задник.

Бидејќи нема девојка на планетава која не би се израдувала на убава и интересна љубовна порака и нема момче кое не би се насмеало на забавна и креативна изјава на љубов, уметници низ целиот свет секојдневно ги реализираат своите идеи и замисли и ги споделуваат на интернет мрежите. Вака практично споени, технологијата и неконвенционалниот пристап создаваат прекрасни можности да ѝ изразите љубов на саканата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар