Необична примена на чепкалки за заби
Автор: Моника Трајковска
Со помош на книги, интернет, „History Channel“ и алгебра од 8-мо одделение, Стен Манро научил да создава интересни и уникатни градби. Тој рекреира некои од најпознатите знаменитости во светот користејќи само лепак и чепкалки за заби. Во зависност од големината и сложеноста на градбата, потребни му се од 1 ден до 6 месеци за да состави модели на некои од најимпресивните структури на Земјата, со размер од 1:164.
Стен започнал со ова необично хоби уште во 5-то одделение кога неговата наставничка донела на училиште проект изработен со чепкалки за заби. До пред 10 години тој бил познат како писател, ТВ репортер и раководител во болница. Но, поради здравствените проблеми на неговата жена Сузи, бил приморан да се откаже од работата за да може да се грижи за неа дома. Така, неговото необично хоби преминало во одличен начин за заработка.
Дел од неговата колекција е и неверојатниот град од чепкалки т.н. „Toothpick City“, за кој на Стен му биле потребни 6 милиони чепкалки и 172 литри лепак. Моментално работи на неговата најкомплексна структура, реплика на „Ангкор Ват“ (храм во Ангкор, Камбоџа). Сите негови готови модели моментално се изложени во Музејот за наука и технологија во Сиракус, Њујорк.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
капа долу
Ovoj doma moze so saka da si napravi 😀 😀