Неконвенционален приказ на спомените од детството
Екатерина Паниканова е уметница родена во Санкт Петербург, која во моментов живее и работи во Рим. Овој проект е дел од нејзината втора самостојна изложба, каде таа користи стари книги, списанија и постери од различни временски периоди за да создаде оригинален уметнички израз.
„Екатерина Паниканова си игра со контролираните и неконтролираните импулси, при што гради богата мрежа на симболи и културни архетипови кои стануваат едно со позадината, сѐ додека не ги проголта апсолутното црно.“
Дизајнот го одразува светот и спомените од детството, со намера да допре до најскриените и најдлабоките чувства на секое човечко битие. Може да се забележи дека црната боја е во совршен контраст сo пожолтеноста на старите книги, што пак создава едно богато визуелно искуство. Уживајте во виртуелната изложба и се надеваме дека ќе ви се допаднат овие неконвенционални уметнички инсталации!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.