Некој продава неверојатен дом скриен во пештера
Барате ново место за живеење, но старите четири ѕида и покрив ви се здодевни? Најлуксузната пештера во светот сега е на продажба и може да биде ваша.
Лоцирана на тивко место во Арканзас, Америка, пештерата оригинално била изградена како бункер, но била реновирана и преправена во луксузен хотел.
Може да смести до 8 луѓе во подземен лавиринт од сталагмити и сталактити. Има свој водопад, па дури и хелидром за оние кои се брзаат. Цената за една вечер е околу 1.000 евра.
Сопственикот решил да го продаде ова ремек-дело и оној што ќе го купи може да прави со него што сака. Суперхероите и негативците од Џејмс Бонд сигурно ќе бидат заинтересирани. Но ако сакате малку оддалеченост, природа и цела мрежа пештери за истражување, можете да почнете со наддавање од 2,5 милиони евра.
„Сместен во вистинска пештера, овој дом ја има секоја модерна удобност, а истовремено ја зачувува и пештерата околу него“, изјавил сопственикот.
Дали би сакале да живеете во ваква пештера?
Продолжува на следната страница…