Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година
Со 78.801 пријавена фотографија од 4.738 фотографи, Светскиот натпревар за медиумски фотографии има победници само од најдобриот калибар. Овие моќни фотографии се направени од професионални фото-репортери од целиот свет кои ни ги раскажуваат приказните што се важни и ни ги отвораат очите кон суровата реалност.
Овогодишниот победник е фотографија од 2-годишно мало девојче, Јанела Санчез, која е фотографирана додека плаче кога таа и мајка ѝ се приведени од граничната полиција во Тексас. Фотографијата стана популарна многу брзо и е направена од страна на Џон Мур. Погледнете и дел од останатите фотографии.
1. „Акашинга – Храбрите“ – Брент Стиртон
Петронела Чигумбура е член на женската единица против ловење наречена Акашинга. Единицата работи во Паркот за див свет Фунфунфу во Зимбабве. Во единицата членуваат жени со тешко минато, а целта на Акашинга е да ги охрабри, да им понуди работа и да им помогне на локалните жители со зачувување на дивиот свет.
2. „Машко силување“ – Мери Ф. Калверт
Поранешниот маринец на САД, Итан Хансон, е фотографиран како се бања во неговиот дом во Остин, Минесота. После траумата за време нa неговата воена служба, тој не може да се тушира. Итан го пријавил инцидентот, но бил напаѓан од другите мажи поради тоа. Кошмарите и паничните напади го натерале да се откаже. Мажите многу поретко пријавуваат случаи со силување поради страв од стигмата во општеството.
3. „Чорапи на фламинго“ – V
Карипско фламинго ги проучува чорапите кои му се ставени за да ги излечат неговите рани на нозете. Птицата поминала неколку недели во центар за рехабилитација. Овие повреди се чести кај заробените фламинга, бидејќи тие имаат многу нежни стапала и се навикнати да чекорат по мека земја.
4. „Запознајте го Боб“ – Џаспер Доест
Боб е спасено карипско фламинго и живее помеѓу луѓето. Боб бил повреден кога влетал во хотелски прозорец, а сега за него се грижи Одет Доест, која води центар за рехабилитација на диви животни.
5. „Расплакано девојче на границата“ – Џон Мур
Семејствата на имигрантите поминале преку Рио Гранде од Мексико и биле задржани од властите во САД. Сандра Санчез изјавила дека нејзината ќерка патувала цел месец низ Централна Америка и Мексико, пред да стигне во САД за да побара азил. Поради нетолеранцијата на власта, многу родители и деца се разделени откако ќе се обидат да ја преминат границата.
Продолжува на следната страница…