Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Повеќето од нас го сметаат звукот за аудитивно искуство. Но научникот и фотограф Линден Гледхил не е како повеќето од нас. Тој може да го види звукот, а сака да им помогне и на другите да го направат тоа. Биохемичарот од Филаделфија, веќе неколку години си игра со киматиката и стигнал навистина далеку.

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

„Опремата што ја користам е многу едноставна. Се состои од мембрана растегната врз звучник, во кој има вода која осцилира на разни фреквенции од појачало напојувано со виртуелен тонски генератор. Површината на водата е осветлена со ЛЕД сијалици, а фотографиите ги правам со камера.“

„Воглавно, кога течноста вибрира во затворен простор, резултира со бранови на специфична фреквенција. Овие се познати како Фарадееви бранови. Ова е слично со формирањето на одредени ноти кај музичките инструменти.“

„Звукот минува низ водата и вибрациите се прикажуваат на површината која ги рефлектира ЛЕД сијалиците. Камерата ја фотографира светлината рефлектирана од површината. Дезените и формите можат да бидат драстично различни, во зависност од фреквенцијата.“

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Линден започнал со првите експерименти со киматика во 2016-та година. Гледал разни слични примери и сакал да создаде негова верзија со различна светлина. Со текот на времето, сфатил дека сака да продолжи да го прави ова, најмногу поради бескрајната комплексност на дезените и комбинациите од бои кои можат да се создадат со толку едноставен физички процес.

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Она што е интересно е тоа што проектот воопшто не е поврзан со неговата работа. Неговата страст кон науката го натерала да стане доктор за биохемија. Кога истражувал за постдокторските студии, сфатил дека сака да го примени неговото знаење за развојот на нови лекови за луѓето. Вклучувањето во фармацевтската индустријата му помогнало да им овозможи на луѓето поздрави и попродуктивни животи.

Ова хоби било резултат на неговата страст да го истражи сокриениот свет што нè опкружува. Според него, ова е начин да ја комбинира неговата желба за истражување со неговото знаење и да се искаже со помош на фотографија. Тој сака да им помогне на другите да ја видат убавината што не опкружува и да почнат да ја ценат.

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Научник фотографира звучни бранови, а резултатот изгледа нереално

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар