Намуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денеска
Во последно време стана тренд родителите да нарачуваат фотосесии за своите бебиња. И додека сите очекуваат бебињата да имаат среќни и насмеани лица, едно бебе одлучи да го стори токму спротивното и да прави само налутени и незгодни гримаси за време на целата фотосесија, но и покрај тоа фотографиите се преслатки.
Ова бебе се вика Луна и има само 14 дена, но покажала дека не е ја интересира фотосесијата и решила да се намурти наместо да биде слатка. Всушност, нејзините родители, Лори и Кристијан Муза не биле изненадени, затоа што Луна и претходно ги имала направено овие фацички. Тие дури и ја предупредиле фотографката дека е можно бебето да се намурти. Од она што можеме да забележиме, може да заклучиме дека Луна не е баш голем љубител на фотосесиите.
И покрај тоа што Луна изгледала особено незгодно во текот на целата сесија, фотографот Џастин Тухи рекол дека Луна била мирна за време на сликањето. Всушност, Џастин изјавил дека ова се едни од најдобрите фотографии со бебе што некогаш ги фотографирал.
Бебето било завиткано во пријатно и топло ќебенце за време на фотосесијата, но на секоја од фотографиите, го покажува своето налутено лиценце. Фотосесијата траела околу 90 минути, и покрај тоа што Луна не била особено среќна или импресионирана од нејзиното прво вакво искуство.
Очигледно е дека Луна не била многу воодушевена од ваквото искуство, но иако ни се мурти не можеме, а да не се заљубиме во нејзиното симпатично лице.
Можеби сакате да ги погледнете и 19-те празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќ.