Накит во терариум ви дозволува да понесете дел од природата со себе
Дизајнерката на накит од Ирска, Кети Белс, рачно ги направила овие ситни терариума исполнети со колоритни и прекрасни минијатурни цветови и растенија, користејќи различни природни елементи кои ги пронашла во шумите и планините, дивите ливади и ветровитите плажи. Таа вели дека најмногу ужива кога работи на накит кој го побарале нејзините клиенти и кои имаат свои идеи за тоа како треба да изгледа финалниот продукт.
„Обожавам да правам оригинални парчиња накит. Доколку имате идеја за некаков накит кој сакате да биде изработен, можеби со некои делови од чипката на невестинскиот фустан на мајка ви, цвеќе од некој букет, па дури и прамен коса од вашите најблиски, тогаш контактирајте ме и јас ќе ви направам нешто прекрасно“, вели Кети, обраќајќи им се на сите сегашни и идни муштерии во нејзиниот бутик „Ruby Robin“.