Накит од интерпункциски знаци
Колку би било добро кога би можеле да ги прикажеме разните смешковци кои ги користиме на интернет во реалниот живот, нели?! Оваа елегантна, сребрена колекција на рачно изработен накит од финската компанија Chao and Eero, ни ја дава токму таа можност.
Познатата компанија е основана од брачниот пар Eero Hintsanen и Chao-Hsien Kuo. Тие за овој накит велат:
„Во денешната модерна ера, светот е поврзан преку компјутери, лаптопи и мобилни телефони. Многу од нас остваруваат интеракција со голем број луѓе во текот на денот, преку овие многу различни начини на комуникација.“
„Се изразуваме себеси со помош на смешковци, зборови и интерпункциски знаци, кои го опишуваат нашето расположение.“
„Оваа колекција од разни знаци е начин на покажување восхит кон овие симболи, кои постанаа неопходен дел од нашето комуницирање.“
Сребрениот накит на Chao и Eero ни ја дава слободата да ги покажеме нашите емоции и расположенија преку накитот кој го носиме. Нели е тоа прекрасно? 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.