Накит кој во својата внатрешност содржи минијатурни сцени од секојдневниот живот
Погледнете наоколу. Светот е преполн со најразлични приказни кои го одликуваат секој човек. Сѐ што треба да направиме е внимателно да ја погледнеме личноста до нас и да се обидеме да го откриеме нејзиното значење. Во тој контекст, германската артистка Изабел Киефхабер го изработила овој накит од смола, каде секое парче отсликува еден посебен миг од животот. Во еден прстен ќе погледнете човек кој скија. Во друг, пар кој ужива на плажа или игра тенис. Во трет, колачиња. Секое парче накит содржи една посебна, минијатурна сцена од секојдневието.
„Го обожавам дизајнот. Сакам да работам прецизно и внимателно. Обожавам да работам со моите раце и го сакам уникатниот накит.“ – вели Изабел, на нејзиниот официјален веб-сајт.
Во продолжение погледнете ги нејзините оригинални прстени и обидете се да останете рамнодушни на креативноста и трпението со кои тие се одликуваат.