Најудобните нишалки што можете да ги поставите во вашата градина
Замислете дека сте некаде далеку, на некој тропски остров, каде што палмите надвиснуваат над вас, додека ветерот го носи мирисот на морето. Не мора да одите толку далеку, доволно е да закачите висечка лежалка во вашиот двор ако сакате да уживате ова лето.
Што ви е потребно?
Само малку слободен простор или две дрвја на кои ќе ја закачите вашата нова нишалка. Поставете ја некаде каде што ќе бидете заштитени од прекумерното изложување на сонце, како и на место што нуди најубав поглед во вашиот двор. Ако сакате, пополнете ја нишалката со меки перници за уште поголема удобност. Во зависност од вашиот личен вкус и од просторот што го имате, изберете ја соодветната нишалка од фотографиите подолу.
Погледнете ги овие инспиративни идеи за создавање релаксирачка јапонска градина.