Најубавите камени ѕидови кои некогаш сте ги виделе
Уметниците Андреас Кунерт и Наоми Цетел се животни и бизнис парнети. Тие заедно создаваат функционална камена уметност за домови и разни јавни места под името „Античка уметност од камен“. Нивната работа всушност се состои од изработка на ѕидови украсени со камења.
„Нашиот заеднички стремеж е да создадеме свети простори, премини и други поврзувачки уметнички дела кои им овозможуваат на нашите клиенти и на гледачите да погледнат од другата страна, кон она што не е видливо за човековите очи, но може однатре да се почувствува.“
Седиштето на фирмата „Античка уметност од камен“ се наоѓа во Ванкувер, Канада. Покрај тоа имаат и онлајн продавница од каде може да се нарачаат печатени изданија од нивната најпопуларна уметност со камења.