Најсложената уметност од хартија
Роган Браун е англо-ирски артист кој работи со сложени уметнички скулптури направени од хартија. Тој за својата работа вели:
„Јас барам шеми и повторувачки мотиви кои се појавуваат низ природните феномени на различни нивоа, од микроскопските до макроскопските, од индивидуални клетки, па сè до огромни геолошки формации.
Дел од мојата инспирација произлегува од традиционалните научни цртежи и макетите, а посебно од работата на артистите-научници како што е Ернст Хекел. Но, и покрај тоа што мојот пристап вклучува внимателна опсервација и детални ‘научни’ подготвителни цртежи, тие секогаш се потиснати од имагинацијата; сè мора да биде прекршено низ призмата на имагинацијата, да се извлече и на некој начин да се трансформира.“
Погледнете дел од неговата неверојатна уметничка колекција…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.