Најслаткото еже во светот
Инстаграмерот Шота Цкамото од Токио, гордо го фотографира неговото милениче еж кое се вика Дарси, но е најдобро познато како @darcytheflyinghedgehog. Дарси без конкуренција е едно од најслатките мали ежиња во светот. Боцкавото мало девојче е неодоливо додека удобно си седи во своите чевли, се одмара на шпил карти, љубопитно истражува четка за коса или пак, спие на дланката од својот сопственик.
Слаткото мало милениче е 3-годишен еж кој го добил своето име според поранешниот басист од бендот „The Smashing Pumpkins“ и според Цкамото, во некои карактеристики таа навистина наликува на девојката која била инспирација за нејзиното име. Без разлика на нејзините боцки и фактот дека ежињата најчесто се заштитнички и претпазливи, Дарси е топла, таа е мало животинче кое едноставно не можете да не го засакате.
Секоја фотографија на Инстаграм-профилот на Цкамото е послатка од претходната и токму поради тоа нема да можете да престанете да го гледате ова мало домашно животно и неговите неодоливи авантури. Гледајќи ги фотографиите дури ќе се запрашате што размислува Дарси додека го истражува големиот свет околу неа. Нејзиниот сопственик вели дека никогаш не пишува наслови под фотографиите бидејќи сака да им овозможи на гледачите со помош на нивната фантазија да создадат своја приказна за Дарси. Тој исто така изјавил дека можеби ќе издаде детска книга и ние целосно ја поддржуваме неговата идеја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.