Најпопуларните 3 трендови во уредување на ентериерот за 2018-та година
Ви ги претставуваме трите главни и пред сѐ едноставни трендови во уредувањето на ентериерот за 2018- та година. Ние веќе влеговме во новата година, а време е тоа да го направи и вашиот дом.
1. Ананасот заменете го со цреши
Изминатата година ананасот беше хит овошје и задолжителен додаток во декоративниот сектор. Од садови и декоративни перници во облик на ананас, сè до новогодишната елка, ова овошје беше најзастапено во декорирање на ентериерот. Сепак деновите на слава под рефлекторите полека го одминуваат ананасот, а новата ѕвезда во нашите ентериери ќе стане црешата. Украсите во облик на цреши во матиран порцелан, но и во лакирана верзија започнуваат да ги освојуваат нашите домови. Црешите се особено убави во металик тонови како сребро, злато или бронза.
2. Кружни облици
Сè што е заоблено станува вистински хит. Особено огледалата во популарен скандинавски стил кои може да се препознаат по типичниот кружен облик. Овој облик го преземаат и другите парчиња мебел како полици и комоди чии изглед заради заоблениот дизајн е поразличен од оној правоаголниот или квадратниот на кои сме навикнати.
3. Темно дрво
Темното дрво ја добива својата популарност поради контрастот кој го создава во светлите и бели простории. Но не морате да ја промените целата кујна или подовите во вашите домови за да го почувствувате ефектот. Полица, нова комода, можеби столици или едноставни рамки за слики – што и да изберете, ќе биде сосема доволно. Благодарение на враќањето на 70-тите години, темното дрво од орев е повторно во мода.
Погледнете ги овие едноставни идеи кои ќе го претворат вашиот дом во удобно и модерно катче.