Најоригиналната техника на сликање: Уметнички дела изработени со вино
Што ги спојува љубителите на виното и артистите? Одговорот е очигледен: Виното. Уметноста на виното не ја претставува уметноста на пиењето, туку создавањето на една од најуникатните и најнепредвидливите уметнички форми кои постојат.
Овие слики се различни и го привлекуваат вниманието не само поради широкиот спектар мотиви од историјата и популарната култура, туку и поради ферментацијата и оксидацијата на виното кои прават бојата да оди од црвена во виолетова до бледо кафеава. Виното е единствениот „алат“ за сликање со кој може да се постигне „ефектот на стареење“ во уметноста, во кој бојата поминува низ неколку транзиции во пигментот и тонот. Оваа техника на сликање започнала да се користи во ренесансата и уметниците најчесто користат квалитетни вина. Исто како Сања Јанкович, артистката зад овие уметнички дела.