Најголемите трендови во уредувањето на ентериерот за 2021 година според ТикТок
Иако на прв поглед ТикТок не изгледа како место каде што ќе ги дознаеме најновите трендови во уредувањето на ентериерот, сепак, оваа платформа е вистинска ризница на инспирација. ТикТок досега постави многу нови трендови и нè запозна со комплетно нов свет на модата, музиката, танцот и шминката. Покрај сето тоа, на ова виртуелно место можете да најдете и инспирација за уредување на домот, а во продолжение ќе откриете кои се најголемите трендови на ТикТок.
1. Луксузна куќа во природа
View this post on Instagram
Кој не сонувал за идиличен живот во природа, во луксузна колиба? На оние кои не можат да си го дозволат тоа им останува да пренесат барем дел од атмосферата во својот дом. Винтиџ мебелот (дрвени маси и фиоки) и неутралните бои ќе му дадат на вашиот дом шарм на колиба што е далеку од градската врева.
2. Розова бања
View this post on Instagram
Винтиџ розовите бањи се повторно во мода, а многу е лесно да се постигне овој изглед. Бојадисајте ги ѕидовите во розови нијанси и ќе го освежите просторот, а бањата ќе изгледа поголема. Со додавање модерни елементи, како што се црвените крпи, ќе добиете уникатен простор.
3. Зелени ѕидови
View this post on Instagram
Сите нијанси на зелената боја се полн погодок оваа година. Зелената боја смирува и го прави просторот за живеење да изгледа како вистински дом. Комбинирајте ги зелените нијанси со бели детали, како лустери или полици.
4. Средновековно, а модерно
View this post on Instagram
Исто како што трендовите од шеесеттите и седумдесеттите години се враќаат во мода, таков е случајот и со средновековните трендови, барем кога станува збор за уредувањето на ентериерот. Тиктокерите го модернизираа средновековниот декор, така што тие комбинираат структури и текстури за да го направат домот да изгледа стилизирано, а не застарено.
5. Суво цвеќе
View this post on Instagram
Сувите цвеќиња се интересен начин да додадете уникатни цветни елементи во вашиот дом. Лаванда, рузмарин, рози… сè е дозволено!
6. Текстура и геометриски форми
View this post on Instagram
ТикТок е полн со вазни, огледала, украси и мебел со необични геометриски форми и текстури.
7. Јапанди
View this post on Instagram
Овој минималистички тренд е мешавина од скандинавски и јапонски стил. Се карактеризира со чисти линии, неутрални тонови и многу светлина.
Погледнете ги овие идеи за пролетна декорација на домот со вашите омилени цвеќиња.