Најголемите стравови на луѓето претворени во комични илустрации

Најголемите стравови на луѓето претворени во комични илустрации

Автор: Зорица Тодорова

Илустраторот Френ Краус ги замолил луѓето да ги споделат со него нивните најчудни и најбесмислени стравови за да ги претвори во илустрации во вид на кратки стрипчиња. Понекогаш овие апсурдни и нелогични стравови можат да се поврзат со некои сеќавања од раното детство или доаѓаат како резултат на живописните објаснувања за разбирањето на светот кои ни ги давале возрасните. Но понекогаш се едноставно необјасниви.

Се надевам дека никогаш нема да се претворам во старец кој на децата им предизвикува страв од стареењето.

Се надевам дека никогаш нема да се претворам во старец кој на децата ќе им предизвикува страв од стареењето.

Проектот, кој започнал со сопствените фобии на Краус, сега прикажува стрипови на повеќе од стотина читатели. Кога ќе ги разгледате сликите, ќе видите дека и покрај тоа што вашите стравови се можеби малку смешни, сепак не се толку невообичаени. Ако пак се чувствувате доволно храбри, можете и самите да му испратите нешто овде.

Во мојата соба има огледало. Се плашам дека, додека спијам, мојот одраз седи исправен и ме гледа.

Во мојата соба има огледало. Се плашам дека, додека спијам, мојот одраз бдее и ме гледа.

Кога бев мала, еден свештеник ми раскажа за Богородица, како Господ мислел дека таа била совршена и затоа ја оставил бремена. Јас не сакав да бидам бремена од Господ и затоа се потрудив да не бидам негов тип.

Кога бев мала, еден свештеник ми раскажа за Богородица, како Господ мислел дека таа е совршена и затоа ја оставил бремена. Јас не сакав да бидам бремена од Господ и затоа се потрудив да не бидам негов тип.

Во Бруклин станува многу лизгаво. Се плашам дека ќе се лизнам, ќе ги исечам моите очи на ограда од ковано железо и ќе биде премногу лизгаво за да можам да се ослободам.

Во Бруклин станува многу лизгаво. Се плашам дека ќе се лизнам, ќе ги си ги набодам очите на ограда од ковано железо и ќе биде премногу лизгаво за да можам да се ослободам.

Зимата е убаво време за да одите на лизгање со личноста што ја сакате. Ако таа падне, немојте случајно со лизгалките да поминете преку нејзините прсти.

Зимата е убаво време за да одите на лизгање со личноста што ја сакате. Ако таа падне, немојте случајно со лизгалките да поминете преку нејзините прсти.

Кога се будам, ги отворам очите многу полека, за ако има нешто во мојата соба да може да се сокрие.

Кога се будам, ги отворам очите многу полека, за ако има нешто во мојата соба да има време да се сокрие.

Кога им велам „Здраво“ на луѓето а тие не ми одговараат, ми е страв да не сум веќе мртов само сѐ уште не знам.

Кога им велам „Здраво“ на луѓето а тие не ми одговараат, страв ми е да не сум веќе мртов само уште да не знам.

Кога бев помлад, ми беше страв дека кога ќе умрам, ќе станам статист во соновите на другите луѓе. Понекогаш се чувствувам како сите луѓе во моите сонови да се мртви и немаат каде да одат на друго место.

Кога бев помлад, ми беше страв дека кога ќе умрам, ќе станам статист во соновите на другите луѓе. Понекогаш се чувствувам како сите луѓе во моите сонови да се мртви и немаат каде на друго место да одат.

Се плашам дека мојот живот е само илузија. Сѐ е само сон. Се плашам дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека сум само едно куче со голема фантазија.

Се плашам дека мојот живот е само илузија. Сѐ е само сон. Се плашам дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека сум само едно куче со голема фантазија.

Понекогаш се чувствувам како луѓето да можат да ми ги читаат мислите и затоа помислувам на нешто смешно. Така, ако слушнам како некој се насмевнува, ќе знам.

Понекогаш се чувствувам како луѓето да можат да ми ги читаат мислите и затоа помислувам на нешто смешно. Така, ако слушнам како некој се насмевнува, ќе знам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар