Најголемиот леден хотел во светот

Најголемиот леден хотел во светот

Секоја зима, артисти од целиот свет се собираат во Јукасјарви, северна Шведска за да учествуваат во уметнички проект кој станал познат како ЛЕДЕНХОТЕЛ. Станува збор за првиот и најголем хотел изграден од снег и лед. Јукасјарви е мало село во северна Шведска со популација од околу 900 жители и 1.000 кучиња.

Најголемиот леден хотел во светот

Секоја зима, околу 50.000 посетители од целиот свет доаѓаат да го видат овој леден хотел и да ги искусат смиреноста, аурорите и различни активности во дивината, на околу 200 километри од Арктичкиот Круг. Градбата опфаќа 5.500 метри квадратни и е изградена од околу 2.000 тони лед од реката Торн и околу 30.000 тони мешавина од снег и лед кои ја зацврстуваат структурата. Околу 100 луѓе годишно учествуваат во конструкцијата на овој неверојатен леден хотел, од кои дури половина се артисти специјално поканети за дизајнирање на одредени делови на хотелот.

Најголемиот леден хотел во светот

Градењето на ледениот хотел е процес кој трае во текот на цела година. Во март и април, 4.000 тони лед се вади од реката Торн, кој потоа за време на летото се чува во ладни складишта. Изградбата се повторува секој ноември и декември, бидејќи некаде околу месецот април структурата полека се топи и се враќа во реката Торн. Доколку сакате да го посетите, хотелот е целосно отворен од декември до средината на април.

Најголемиот леден хотел во светот

Погледнете ги и останатите фотографии кои покажуваат дел од дизајните и креациите на артисти од целиот свет за оваа сезона на овој леден хотел…

Најголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар