Најчестите грешки при уредување на домот и како истите да ги исправите

Најчестите грешки при уредување на домот и како истите да ги исправите

Сите ние уживаме во декорацијата на нашето место за живеење. Го уредуваме во склад со нашите можности, но и на нас самите, односно, на она што нам ни пријае. Сепак, на сите нас, исто како и на оние кои се многу добри во уредувањето на ентериерот, понекогаш ни се случува да имаме грешки. Во продолжение следуваат 9-те најчести грешки кои се прават кога станува збор за уредувањето на нашиот дом и секако, ќе ве насочиме како да ги исправите истите. Разликата ќе биде многу очигледна!

1-9-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-na-domot-i-kako-da-gi-ispravite-www.kafepauza.mk_

1. Не заборавајте на осветлувањето

Светлината е многу важна за секоја просторија. Главно, сите се базираат на едно главно осветлување, на пример, лустер. Сепак, просторијата ќе изгледа многу поубаво ако, поставите неколку извори на осветлување, односно ламби на различна висина. На пример, една ноќна ламба и една подна во комбинација со лустер ќе дадат прекрасен ефект. Кога е природното светло во прашање, најубаво е кога го има што повеќе. Сепак, кога тоа е невозможно, огледалото може да го реши тој проблем со тоа што светлината која влегува барем низ еден прозор, тоа ќе ја рефлектира.

2. Немојте да закачувате слики на погрешна височина

Да ја закачите сликата на правилно место и на правилна височина е лесна работа. Навистина, висината е важна. Најдобро е да ја закачите на висина на очите, и тоа на околу 1,5 метри височина, што е многу пониско отколку што многумина мислат дека би требало. Пред да ја поставите сликата, задолжително направете проба за да бидете сигурни дека тоа е навистина вистинската височина.

2-9-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-na-domot-i-kako-da-gi-ispravite-www.kafepauza.mk_

3. Не претерувајте со перниците

Декоративните перници навистина можат да го разубават двоседот и троседот. Исто така, тие се сјаен начин да ја промените декорацијата на собата, а исто така се и евтини. Сепак, немојте премногу да се занесете со нив. Премногу во овој случај никако не е добро. Купете нова перница само доколку со неа ќе ја замените старата, а не за да ја додадете на останатите.

4. Немојте „слепо“ да ги следите трендовите

Како што е случајот со модата кога е облекувањето во прашање – не стои сè на секого. Така и на вашиот дом нема да му одговара секое парче мебел и секоја боја на ѕидот која во тој момент е популарна. Доколку баш морате да испробате некој тренд, тогаш тоа нека биде само еден мал детаљ кој навистина ќе го разубави просторот, а кој лесно можете да го замените откако ќе ви досади.

3-9-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-na-domot-i-kako-da-gi-ispravite-www.kafepauza.mk_

5. Не претерувајте со декоративните тапети на ѕидовите

Ако сте пронашле сјаен декоративен тапет или сте доволно вешти за самите да го насликате ѕидот, тоа навистина може да ја освежи просторијата. Меѓутоа, може и да ја уништи. Водете сметка дека еден ѕид е навистина доволен. Тој треба да биде детаљ, а не да доминира со просторијата. Затоа, запрете на време и запомнете дека помалку е повеќе!

6. Немојте да ги чувате работите кои веќе не ви се потребни

Бидете вистински искрени со себе и одвојте го сето она што не го користите подолго време. Сентименталноста оставете ја на страна. На сакате вашиот дом да биде како складиште, туку убаво уреден простор.

4-9-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-na-domot-i-kako-da-gi-ispravite-www.kafepauza.mk_

7. Не го потпирајте мебелот на ѕидот

Вашата соба ќе делува многу поубаво и потопло доколку ги наместите фотелјите и двоседот на средина на собата, наместо да ги допрете до ѕидот. Излезете од клишето! На никого нема да му смета да ја види позадината на вашиот кауч, а просторијата ќе биде многу убаво пополнета.

8. Удобноста е најважна

Доколку живеете сами, направете сè за да ви биде удобно. Сепак, доколку живеете со семејството водете сметка и за нивните потреби. Можеби ви се чини како добра инвестиција скапа и стаклена масичка која само на вас би ви била убава и практична. Но, ако на остатокот од семејството им фали удобен кауч – знаете што треба да направите. Добриот простор е оној што на сите им одговара.

5-9-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-na-domot-i-kako-da-gi-ispravite-www.kafepauza.mk_

9. Секогаш правите планови

Планирањето е сè! Планирајте го буџетот, планирајте ја бојата на ѕидовите и елементите што ќе ги наместите во просторијата. Пренатрупаноста ќе ја избегнете само доколку направите добар план и се придржувате до него. Не мора да биде премногу детален, но доволно е да ги запишете идеите кои подоцна ќе ги разработите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар