Најбизарните закони на САД мудро прекршени во генијална серија фотографии

Најбизарните закони на САД мудро прекршени во генијална серија фотографии

Во серијата фотографии насловена „I Fought The Law“, Оливија Лошер креативно им се потсмева на некои од најапсурдните закони кои важат во САД. Секоја фотографија презентира намерно прекршување на некој закон.

Во Калифорнија никој не смее да вози велосипед во базен.

Во Калифорнија никој не смее да вози велосипед во базен.

Некои од овие закони се застарени историски закони, додека други се апсолутна мистерија. Тешко е да се замисли зошто возењето велосипед во базен е нелегално во Калифорнија или зошто не смее да се служи вино во филџани во Канзас. И дали вежбањето за време на возење автомобил било толку голем проблем во Орегон што морале да смислат закон за да го забранат тоа?

Во Алабама забрането е носење сладолед во корнет во задниот џеб.

Во Алабама забрането е носење сладолед во корнет во задниот џеб.

Други закони пак се чудни, но имаат историска приказна и се веќе застарени. Таков е случајот со забраната за носење сладолед во корнет во задниот џеб во Алабама бидејќи тоа порано било метод со кој се служеле крадците на коњи. Тие така ги намамувале коњите да одат по нив без воопшто да ги допрат сѐ додека не се „изгубеле“ и на тој начин технички не ги краделе.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар