Претходно
Надреализмот на Јацек Јерка
Јацек Јерка е роден во Торун, Полска во 1952 година. Студирал ликовна уметност и графички дизајн. Јерка вели дека бил под притисок од страна на неговите универзитетски инструктори да ги одбегнува деталите и реализмот во корист на модата во тоа време – но на крајот сепак не попуштил. Дипломирал на Универзитетот Никола Коперник во Торун, специјализирајќи се за графика. Како уметник, работи од 1980 година до денес.