Претходно
Музички инструменти претворени во колоритни уметнички дела
Артистката зад овие дела живее во Сиднеј, Австралија и е позната под името „Salty Hippie“. Таа црта на голем број музички инструменти, од гитари, па сè до тапани, но исто така сака да бои и мали статуи и различни декорации.
„Обожавам поголеми проекти. Неодамна завршив со цртање на статуа од Буда кој се смее, за која ми требаше цел месец“, вели таа. „Обожавам светли бои, како и морето, ѕвездите и галаксиите. Ја обожавам и музиката, па затоа за мене музичките инструменти се и платно за сликање.“