Музејот Салвадор Дали
Музејот Салвадор Дали во Сент Петерзбург, Флорида официјално ги отвори вратите на новата неверојатна зграда во близина на водите на Тампа Беј. Новиот музеј ја замени старата зграда, која повеќе од 30 години чуваше огромна колекција на дела направени од Салвадор Дали, но сепак не беше во склоп со дивата имагинација на артистот.Новиот музеј е распослан на 6.320 метри квадратни, а во него можат да бидат видени стотици слики и други дела на авторот во најразлични големини. Новиот дизајн на зградата е дело на компанијата HOK Florida. Благодарение на нив, таа сега го претставува креативниот дух на Дали и е соодветно место за чување на делата на најпознатиот надреалистичен сликар во историјата.
Сепак, градбата не е направена само за да се истакне духот на авторот, туку и за да се заштитат неговите дела од елементарни непогоди. Иако ураганите се ретка појава во Тампа Беј, зградата е направена да може да издржи бура и од трета категорија, притоа да не се оштети нејзината геодетска стаклена фасада. Делот во кој се чуваат делата на Дали е ограден со бетон со дебелина од најмалку 30 сантиметри во сите правци. Оваа зграда е направена толку издржлива, така што доколку денеска би била погодена од ураган, утре би можела нормално да функционира за посетителите.Доколку некогаш се најдете во овој регион, посетата на овој музеј е задолжителна. Обемноста на складираната колекција на ремек дела на авторот, предизвикува големо задоволство за сите негови обожаватели и посетители. Оваа нова градба на музејот претставува огромен напредок во поврзувањето со визијата на големиот уметник.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.