Мотор дизајниран од Вејн Руни
Овој мотор е заедничко дело на данскиот дизајнер Лауге Јенсен и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. Јенсен сакал да собере пари за децата во Данска на кои тие им се потребни, па го поканил славниот фудбалер да учествува во неговото дело со тоа што ќе му помогне во дизајнот и ќе стави свој печат на моторот.Моторот развива брзина до 250 км/ч, а до 100 км/ч достигнува за само 6 секунди. Задниот дел е инспириран од голот со ножички на Руни против Манчестер Сити, додека врз резервоарот на предниот дел е вграден негов дрес кој е покриен со специјален лак. Покрај тоа, менувачот е украсен со еден бел и 21 црни дијаманти.
Моторот беше продаден на аукција за цена од 43.250 фунти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.