Мотивациски пораки за поубав ден
Што би направиле кога на место каде најмалку очекувате пронајдете инспирација за денот, обврските и сите потешкотии кои ви претстојат? Сите се соочуваат со некои свои проблеми, сите имаат некоја мака која им лежи на срце, па на сите убаво би им дошол некој убав збор кој, ако ништо друго, ќе ја рашири насмевката на нивните лица.
Илустраторот и писател Џо Бучер, познат на јавноста како Октобер Џоунс, решил да остава мотивациски пораки во возовите за да ги расположи и да им го разубави денот на луѓето кои се возат со нив. Секоја порака од оваа колекција инспиративни пораки покрај кои позира мачката Пепи им се погодува сосема случајно на сосема случајни патници кои баш тој ден решиле да се возат токму во тој воз.
Доста иновативен и различен пристап, но без сомнение може да се претпостави дека мачката Пепи добро си ја завршила работата.