Море од 888.246 керамички булки се излева од лондонската кула
Црвеното море од 888.246 керамички булки во лондонската кула е дело на уметникот Пол Каменс, и воедно неговото најмоќно и најимпресивно дело. Од далеку булките изгледаат како море од крв кое се излева од кулата, а целиот проект е со цел да се одбележи стогодишнината од улогата на Британија во Првата светска војна. Секоја од булките претставува војник кој го изгубил својот живот во војната.
Украсувањето сè уште не е завршено. Керамичките булки ги поставуваат волонтери, а проектот ќе биде официјално завршен до 11-ти ноември, кога последната булка ќе биде „засадена“.
Повеќе за овој проект може да прочитате на веб-страната на кралските историски знаменитости.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.