Мора да ги имате во вашиот дом: 6 бои што носат среќа, мир и благосостојба

Мора да ги имате во вашиот дом: 6 бои што носат среќа, мир и благосостојба

Според техниката на фенг шуи за уредување на домот, овие бои треба да ги имате во вашиот дом. Боите се многу важен елемент во уредувањето на домот, но не станува збор само за естетиката, туку и за нивното влијание врз вашето расположение, емоциите и благосостојбата. Се верува дека одредени бои носат позитивна енергија во вашиот дом, имаат позитивен ефект врз вашето расположение, врз виталноста и врз вашите финансии.

Мора да ги имате во вашиот дом: 6 бои што носат среќа, мир и благосостојба

Жолта боја

Со внесување на жолтата боја во домот, внесувате топлина и спокојство во просторот, а според експертите за фенг шуи, таа ги стимулира менталните процеси и ја зајакнува интуицијата. Сепак, бидете внимателни со жолтата боја, бидејќи ако ја има оваа боја насекаде, може да ги умори очите и да создаде чувство на недостаток на енергија. При изборот на парчиња мебел или украси во жолта боја, идеално место за нив е централниот дел на просторијата.

Зелена боја

Зелената боја е резервирана за успехот, за просперитетот, за развојот и за позитивните промени. Поради тоа, се препорачува да имате слики од пејзажи во станот, а ѕидовите или мебелот во работниот простор да бидат зелени бидејќи тоа носи успех и пари, а пожелна е и во кујната бидејќи зелената е боја на здравјето.

Сина боја

Сината е боја на „новиот почеток“. Тоа симболизира добра комуникација со луѓето, ја зајакнува самодовербата, има позитивен ефект врз регулирањето на апетитот, опушта и смирува. Исто како со жолтата, треба да внимавате да не претерате со оваа боја бидејќи може да предизвика спротивен ефект ако ја има насекаде низ просторијата.

Црвена боја

Црвената е „адреналин“ боја – го крева нивото на енергија и на ентузијазам и ве повикува на акција. Црвената е поврзана со огнот, што според фенг шуи, го симболизира доаѓањето на претстојните промени на подобро. Оваа боја во ентериерот треба да биде присутна во мали количини и во детали, бидејќи е интензивна и многу моќна. Црвената, исто така, симболизира успех и финансиска добивка и има позитивен ефект врз емоционалните односи со партнерот.

Виолетова боја

Виолетовата е боја на позитивната енергија, на богатството и на смиреноста. Фенг шуи препорачува мебелот или декорот во виолетова боја да бидат поставени во најоддалечениот лев агол на куќата во однос на влезната врата. Таквата поставеност треба да ви донесе успех, спокојство, расположение, просперитет и финансиска благосостојба. Не е препорачливо да имате виолетова боја во делот на станот каде што се одвиваат најголем број меѓучовечки интеракции, како што е дневната соба, затоа што може негативно да влијае на комуникацијата.

Портокалова боја

Портокаловата е боја на здравјето, а со тоа што ќе ја внесете во вашиот дом, внесувате топлина, радост и ентузијазам. Оваа боја ја подобрува позитивната енергија, а има и позитивни ефекти врз здравјето. Нежните нијанси на портокалова боја ќе ви овозможат да внесете многу смеа, радост и позитивни мисли во домот.

Погледнете како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар