Мона Лиза направена од 2.156 макари во разни бои
Сопствениците на кројачкиот салон „Ejjeh & Sons“ кој се наоѓа во Либан, ја реновирале својата работилница и по тој повод решиле да ја промовираат промената преку една модерна уметничка инсталација.За оваа цел, тие ја овластиле маркетинг агенцијата „République Beirut“, кои за нив ја изработиле оваа слика од Мона Лиза направена од 2.156 макари во 63 бои. За осмислување на ова дело биле потребни три месеци, а на него работеле 10 дизајнери. Сега сликата се наоѓа на излогот на кројачкиот салон и ги воодушевува случајните минувачи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.