Моќни фотографии кои ни покажуваат дека и мускулестите жени се секси
Кога силни и мускулести жени, кои во секоја друга ситуација би биле карактеризирани како машкуданки, учествуваат во ваква фотосесија, тогаш тие успешно ги рушат сите стереотипи дека жените во топ форма не се секси.
7 жени со различни професии, од бодибилдерка до шминкерка, станале дел од списанието „Elle India“ кое има за цел да ги побие сите стереотипи за мускулестите жени. Дека се и повеќе од женствени, убави и секси може јасно да се види на фотографиите на кои тие гордо позираат, прикажувајќи ги своите облини. Критикувани дека никогаш не изгледале доволно женствено, тие на овој начин сакаат да му покажат на светот дека женственоста и сексапилноста немаат никаква врска со мускулите.