Претходно
Модерните пријателчиња од зоолошката градина
Датум: 30 мар 2013
Коментари: 0
Волкот е облечен како вистински џентлмен, прасето е спремно за „жежок“ состанок, носорогот е опасен тип во кожна јакна, коалата е спремна за на одмор, а жабата ве шармира со поглед. Погледнете ги овие слатки животни од зоолошка, кои навистина ја следат модата и сакаат да изгледаат добро.Овие интересни фотоманипулации на различни животни се дело на графичкиот уметник од Барселона, Yago Partal. Печатени верзии од овие дотерани животни од зоолошката градина може да нарачате преку неговиот сајт ZOO Portraits.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.