Модерни слушалки направени од остатоците од неисправни гитари

Модерни слушалки направени од остатоците од неисправни гитари

Дизајнерката Карина Остермаер направила пар слушалки кои таа ги нарекла „Guitar Ear-O“. Она што е навистина интересно во дизајнот на овие слушалки е фактот што се направени од сирови материјали кои останале од неисправни електрични гитари. Во овој иновативен дизајн, таа ги употребила остатоците од вратот на гитарата за да ги спои слушалките, додека пак самите звучници се направени од дрвеното тело на гитарата.

Модерни слушалки направени од остатоци од неисправни гитари

Во денешно време кога масовно се создава, се случува да се фрлаат многу вредни материјали доколку продуктот не го помине тестот поради мали дефекти, но концептот на Остермаер е визуелно привлечен продукт кој истовремено се бори и со проблемот на безвредноста. Дизајнот им дозволува на овие инструменти да продолжат со својата цел во музиката, но малку променети на еден нов и стилски начин, наместо да бидат фрлени некаде каде што никој никогаш повторно нема да ги погледне.

Модерни слушалки направени од остатоци од неисправни гитари Модерни слушалки направени од остатоци од неисправни гитари


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар