Модерни и креативни часовници
Автор: Теодора Трповска
Кој би предвидел дека мерењето на времето некогаш би се престорило во уметничко изразување на човекот? Од астрономските часовници, па се до модерните часовници кои ги има денес, часовникот е интересен предмет во светот на дизајнот и современото живеење. Со цел да ја прославиме оваа прогресивност на модерните часовници, еве листа на десет модерни и креативни часовници дизајнирани од талентирани дизајнери.
.
1. Numbers LED Clock од Jonas Damon
Овој часовник е дизајниран за оние кои сакаат да го мерат времето секцирано, односно да го моделираат и сечат времето на нивен начин. Овие четири индивидуални блокови презентираат самостојни бројки и дозволуваат да го наместите времето онака како што вие сакате.
2. Milky Way Clock од Henrik Amberla
Овој часовник е всушност модерен будилник. Освежен во неговиот стил и изглед, со симетричен облик, овој будилник го покажува времето на три одделни начини и има некои интересни карактеристики. Кога звукот на алармот ќе ве разбуди наутро, само свртете го будилникот од другата страна и тој веднаш ќе ја примени функцијата snooze за да си поспиете уште неколку минути. Ако сакате да го наместите алармот повторно да ѕвони, само свртете го будилникот од обратната страна.
3. Furni Knox Chipboard Clock Radio
Овој радио часовник е познат под името „стажантски часовник“ бидејќи е направен од стажанти во фирмата Фурни. Махагони, орев и бука се спојот од дрва од кој е направен овој часовник.
4. DigiMech Clock од Duncan Shotton
ДигиМек часовникот е оригинален по начинот на кој работи. Имено, на него се инсталирани четири слајдови на кои се испишани цртички. Како што работи часовникот, така цртичките се движат и на тој начин ги покажуваат часот и минутите во празнините од часовникот.
5. Jaeger Le Coultre Atmos Clock
Овој часовник е дел од 80-годишната традиција и работење на фабриката за производство на часовници, Jaeger Le Coultre. Тој е повеќе уметничко дело, со неговите мајсторски резби во внатрешноста, одошто уред за мерење на времето.
6. Create Your Own Clock од Bomi Kim
Нема подобро чувство од она кога ќе дадете свој печат на нештата кои ве опкружуваат. Дизајнерот Боми Ким ви ја дава таа единствена можност да си создадете самите, ваш уникатен часовник. Тоа може да го направите ако на постоечкиот модел употребите секојдневен предмет, како молив, стапче или молив за очи. Откако ќе ставите нешто од наведеново во часовникот, тој ќе почне да работи, а вие ќе знаете дека сте дел од неговото движење.
7. Segmentus Clock од Art Lebedev Studio
Дизајнерот Лебедев е добро познат во уметничките кругови. Овој часовник кој тој го дизајнирал е дигитален и го покажува времето преку серија внатрешни ротациони скалички, кои се менуваат секоја минута. Дисплејот на часовникот е проѕирен и јасно ги покажува движењата на бројките додека тие се поместуваат.
8. Nixie Concrete Clock
Овој часовник е своевидно сеќавање на аналогните часовници кои се заборавени. Тој има шест туби од кои се покажува времето, во секој блок одделно.
9. Minu Tuner Clock од Antrepo Design
Овој дигитален колоритен часовник има LED светло и од левата страна го покажува часот, а од десната минутите. Достапен е во портокалова, црвена, зелена и сина боја.
10. RollOClock Wall Clock
Овој уникатен часовник има лизгачка површина на која времето се покажува преку црно-бели линии кои полека се лизгаат по површината, секоја секунда. За жал, овој часовник е само концепт и не е достапен за продажба. Брилијантно би изгледал вклопен во некој модерно уреден простор за живеење или деловна просторија и е одличен пример за нетрадиционален часовник кој би можел да постигне успех на пазарот.