Модерен замок во Мајами
Некои модерни домови се толку фасцинантни што едноставно не можат да се најдат зборови за да се опишат. Замокот на архитектот Чарлс Сигер е еден од нив. Тој се наоѓа во Мајами и моментално вреди 10,9 милиони долари. Ако подобро го погледнете дизајнот, лесно ќе ја забележите најголемата лична опсесија на Сигер. Почнувајќи од очигледното вештачко езеро околу домот, дворот во форма на дијамант, па сè до летниковците од бетон кои се протегаат на двете страни од домот, очигледно станува дека сè е изградено со неверојатна симетрија.Замокот има 8 спални соби, 8 тоалети и дневна просторија која се протега на 2 спрата. Ентериерот на долниот спрат е светол и ведар, но атмосферата на вториот спрат е сосема спротивна – таа предизвикува мрачно, скоро готичко чувство (како и целиот мебел во домот). Во задниот дел има и прекрасна градина со фонтана и мал базен за риби. Целиот дизајн одлично го отсликува талентот на Сигер, како и неговата уникатна перцепција на просторот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.