Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја
Руската архитектонска фирма Атриум го дизајнирала овој прекрасен, модерен дом, лоциран во близина на Москва, Русија, за семејство со едно дете. Позиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. Куќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.Исто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Леле, кујнава каква е!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Лудница………………….
superrr 😀
ova ne mi stoi kuka za so edno dete,sigurno rusite nemaat kampanja treto i cetvrto dete….)