Mлада артистка преку автопортрети ја покажува врската помеѓу човекот и природата
21-годишната самоука фотографка Ања Валдре од Летонија, создава креативни уметнички фотографии кои ги доработува со Фотошоп манипулации за да ја долови суштинската убавина во врската помеѓу човекот, природата и животното.
„Моите идеи ги црпам од сѐ и сешто. Важно е да се забележат сите моменти, за што е потребно цело време да се има отворен ум. Интересно е дека се потребни 10 минути да го снимам материјалот, но 5 часа сето тоа да се уреди во Фотошоп. Ја сакам природата и нејзините чуда, па се обидувам да вклучам животни и природа во секоја фотографија, откривајќи ја едноставната убавина на животот. Исто така интересно е да се креира нешто што не постои во реалноста, нешто како сон.“