Млад брачен пар го освои целиот свет со несекојдневна фотосесија за нивната љубов
Многу луѓе, особено жените, имаат негативно мислење за својот изглед. Сепак, во денешниот свет, воопшто не е чудно да се има ваква несигурност. Жените во медиумите се секогаш слаби и совршени, а ако не се такви се користи Фотошоп за да се постигне тој изглед. Како резултат на ова, останатите жени се присилени да исполнуваат нереални стандарди, а тоа ги спречува да се прифатат онакви какви што се.
Но денес постојат многу жени кои јавно и гласно ги прифаќаат и ги сакаат своите тела. Можеби токму поради тоа се прослави фотосесијата на Стефани, жена со прекумерна тежина, и нејзиниот свршеник, Арин. Фотографиите ги направил нивен пријател.
„Искрено никогаш не сум се чувствувала попривлечно. Бев толку нервозна за резултатот. Не знаев што да очекувам. Но кога го видов албумот бев шокирана. Изгледам толку вљубено и полна сум со самодоверба. Секој човек треба да се гледа во такво светло.“
Стефани признала дека не секогаш била самоуверена за своето тело.
„Се сеќавам кога бев во средно училиште и се гледав во огледало. Се прашував зошто мојот стомак не е онаков каков што „треба да биде“. Како што минуваше времето го прифатив фактот дека секогаш ќе бидам поголема. Излегував од мојата удобна зона така што носев облека којашто ја сакам, но општеството не ја одобрува за поголеми девојки – тесни блузи, кратки фустани, кратки панталони… Одам наоколу со крената глава, со насмевка на лицето и немам никаков срам.“
Преминете на втората страница за останатите фотографии…