Мистичен дожд кој нема да ве намокри
Оваа интерактивна уметност креирана од уметничкото студио „Random International“, им овозможува на посетителите да искусат дожд над главата секогаш кога ќе посакаат, без да се намократ. Лоцирано во Лондон, студиото креира секаков вид инсталации кои поттикнуваат различен вид однесување и интеракција, честопати со користење на светлина и движење, како основа на нивните уметнички изведби.„The rain room“ (Дождовната соба) е многу интересна инсталација. Посетителите го слушаат нежното тропкање на дождовните капки кои го удираат подот во собата голема 100 метри квадратни. Тие ја чувствуваат и влагата во воздухот. Дождовното искуство е позабавно од вистинскиот дожд, бидејќи луѓето фактички не се намокруваат. Како што се движат низ собата, сензорите ги детектираат нивните движења и водата се трга од луѓето. Посетителите всушност стануваат составен дел од инсталацијата, додека се движат, мрдаат и се вртат околу дождовните капки, чувствувајќи како би изгледало кога би можеле да го контролираат времето.Собата е инсталирана во лондонскиот центар „ Барбикан“, а посетителите имаат прилика да ја видат од 4 октомври до 3 март, 2013 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.