Минималистички приказ на филозофски концепти
Автор: Ема Јакимовска
Филозофијата е наука чија цел е спознавање на човекот и светот што нè опкружува. Во историјата на филозофијата постојат голем број филозофски правци и концепти, кои и не се така едноставни за разбирање. За нивно полесно сфаќање, ви препорачуваме да ги погледнете неколкуте илустрации на дизајнерот Џенис Карерас, кои на едноставен и интересен начин ги претставуваат основните начела на детерминизмот, реализмот, нихилизмот и други филозофски учења.
1. Детерминизам
Детерминизмот е филозофско учење според кое сите случувања следат некаков причинско-последичен однос. Случајности, ниту слободно дејствување не постојат, сè е веќе однапред предодредено.
2. Егзистенцијализам
Според егзистенцијализмот, секој човек сам му дава значење на својот живот и самиот е одговорен за сè добро или лошо што му се случува. Колку некој ќе биде исполнет, зависи само од неговите индивидуални заложби.
3. Дуализам
Според ова учење, духот и материјата се две различни работи. Тоа претставува збир од ставови во врска со односот меѓу духот и материјата кај човекот.
4. Хедонизам
Хедонизмот претставува тежнеење кон задоволство, што пак е и основниот мотив и цел на секое дејствување. Постојат различни видови хедонизам, во зависност од типот на задоволство.
5. Реализам
Според реализмот, луѓето не го восприемаат светот директно, туку се само негови набљудувачи. Во литературата, негова главна цел е претставување на реалноста, онаква каква што е.
6. Нихилизам
Нихилизмот е филозофско учење според кое светот, минатото и сегашното постоење на човекот е без никаква цел или особена вредност.
7. Хуманизам
Хуманизмот во најширока смисла на зборот претставува љубов кон човекот и афирмација на достоинството и вредноста на човекот.
8. Релативизам
Релативизмот ја откажува објективната вистина. Не признава никакви апсолутни принципи, или апсолутни вистини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.