Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед
Автор: Сања Стојковска
Секој вистински љубител на велосипедизмот, потајно сака да истакне барем еден од своите велосипеди во своето живеалиште, изложувајќи го на забележливо место. Затоа веруваме дека ова идејно решение ќе наиде на интерес.
Проектот „Чевли, книги и велосипед“ е реализиран од Постфосил и претставува паметна полица што ги содржи одговорите на многу прашања за складирање на предметите во еден дом. Се состои од 5 делови, што можат да бидат пополнети буквално со што било, сè додека резултатот не е визуелно лош и пренатрупан. Замислата е велосипедот да стои на дрвената подлога одоздола, прицврстен за големата штипка од страната.Најдоброто нешто во врска со ова дизајнерско решение е неговата практичност од аспект што вашиот велосипед ќе биде буквално паркиран во затворен простор, а истовремено ќе биде како изложбен предмет и ќе бидат истакнати неговите карактеристики. Всушност, како конечно вашето скапоцено парче, да го добива местото што го заслужува. Дрвениот дел и минималистичкиот стил ја прават оваа полица лесно вклоплива во каков било ентериер или во ходниците на вашиот стан или куќа.
Па, што мислите вие, љубителите на велосипеди? Го сметате ли и вие овој проект за креативен и практичен?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.