Минијатурните авантури на еден талентиран фотограф
Фотографот Анил Нуипеин создава прекрасни фотографии во кои ги смалува луѓето, најчесто себеси, и ги поставува во интересни нови ситуации. Неговата најнова серија од фотографии која е сè уште во тек се нарекува „A SMALL WORLD“ и е нешто што сите љубители на фотографската уметност би требало да ја видат. Тој за својата работа вели:
„Во последно време сум опседнат со идејата за минијатурни портрети. Токму затоа ги смалувам луѓето (најчесто себеси) во мали суштества и ги спојувам со околината. Јас ги обожавам сите мали нешта. Овој мал свет ме фасцинира на многу различни нивоа.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.